Во Крушево, Маврово и Лазарополе снег и температура под нулата

Од:

Снежна покривка од два сантиметри и темпеатура од два степени под нулата утрово се регистрирани во Крушево, Маврово и Лазарополе.

Во другите градови температурата се движеше од 0 во Скопје, Крива Паланка, 1 Битола, Пожар, Претор, Охрид, 2 Тополчани, Берово, Прилеп, Пожаране, Тетово, Дебар, Скопје, 3 Виница, Штип, Куманово, Ѓуриште, Демир Капија, Струмица, 5 Гевгелија до 6 во Дојран.

Врнежи се регистрирани во Пожаране, Битола, Берово, Маврово, Тополчани, Ѓуриште, Тетово, Лазарополе, Охрид, Демир Капија, Претор, Крушево, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Штип, Крива Паланка и Пожар.

Времето утрово е  променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Претпладне со почести сончеви периоди, а од пладневните часови на планините особено на запад и на север со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен западен ветер во западните делови, а во останатите ветерот ќе е северозападен.

Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со слаб локален дожд. Претпладне со почести сончеви периоди, а од пладневните часови на планините особено на запад и на север со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен западен ветер во западните делови, а во останатите ветерот ќе е северозападен. Температурата ќе биде во интервал од 7 до 15° C.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди од пладневните часови со умерен северозападен ветер и со услови за слаб дожд. Температурата до 12° C.

За време на викендот ќе биде стабилно и потопло, но утринските температури ќе се блиски до нула, а понекаде и степен два под нулата. Во недела и понеделник ќе дува повремено засилен јужен ветер. Од понеделник вечер и ноќта кон вторник ќе настапи нов влажен бран проследен со врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски