Во Кавадарци воведена рестрикција на вода

Од:

Поради постојаното зголемување на потрошувачката на вода предизвикано од високите температури во Кавадарци е воведена рестрикација на водата за пиење, информираше денеска раководителот на работната единица Водовод и канализација од Јавното комунално претпријатие, Марјан Прескакулев.

-Станува збор за контролирана редукција од еден до пет часот по полноќ. Целосно запирање на водата нема да има за најголем дел од граѓаните. Тие ќе се соочат со намален притисок на вода за пиење во чешмите. Целосен прекин во водоснабдувањето во траење од час до два часа е можен само кај оние кои живеат во повисоката зона во градот или на повисоките катови во станбените згради, изјави Прескакулев.

Апелираше на разумно трошење на водата. Состојбата, според Прескакулев се следи постојано и ќе се реагира соодветно се со цел вода да има рамномерно за сите.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски