Во Кавадарци сообраќајно воспитна акција ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Од:

Сообраќајно воспитна акција насловена „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ беше реализирана денеска за децата во градинката “Рада Поцева” во Кавадарци, од страна на инспектори од отсекот за превенција при кавадаречката полиција.

– Опфатени беа дечињата од големите групи во организациските единици “Снежана” и “Гроздоберче”. Со децата беа разработени основните сообраќајни правила и прописи, а истите проследија и цртан филм од областа на сообраќајот, приспособен за нивната возраст, појасни Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Во наредните денови ќе бидат посетени и останатите организациски единици од градинката.

Целта е подигнување на сообраќајната свест и превентивно да се влијае уште од најмали нозе, за поголема безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта