Во Кавадарци реконструкција на водоводна, атмосферска и фекална линија

Од:

Реконструкција на водоводна, атмосферска и фекална линија реализира Организациската единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.

Како што информираше раководителот Бојан Атанасов, се работи на улицата „Брушанска”. Фекалната канализација се реконструира и на улицата “Ѓоре Брушански”.

– Истовремено сме активни и во инсталирањето на нови приклучоци во индустриската зона, како и приклучоци за вода за наводнување на зеленилото покрај кејот на реката Луда Мара. Тековно ги сервисираме и сите дефекти кои настануваат на водоводните и канализациските линии, соопшти Атанасов.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење