Во Кавадарци приведени двајца прилепчани со сомнителна растителна материја

Од:

Двајца прилепчани се лишени од слобода во Кавадарци бидејќи кај нив е пронајдена сомнителна растителна материја.

Од СВР Велес информираат дека во петокот во 2 часот по полноќ при рутинска контрола во патнички автомобил „југо” со прилепски таблички пронајдена е најлонска кеса со околу еден килограм сува растителна материја. Возилото било управувано од Ф.Џ. (31) од прилепското село Житоше, а покрај него во возилото бил и Р.А. (31).

На двете лица им е одреден триесетдневен притвор, а започната е постапка за утврдување на видот на понајдената растителна материја.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење