Во Кавадарци одбележани 23 години од загинувањето на Сашко Гешовски во Сплит

Од:

Во Кавадарци денеска беа одбележани 23 години од смртта на првата жртва при распадот на поранешна Југославија, Сашко Гешовски, кој загина во Сплит 1991 година, на само 20 години како војник во тогашната ЈНА.

На неговиот гроб на Градските гробишта во Кавадарци денеска цвеќе положија претставници на локалната самоуправа, претставници на АРМ, борците од НОБ и Здружението на армиски ветерани од Тиквешијата 2001.

Таткото на Сашко, Гоце, рече дека се ова многу тажни години за нив. – Ако се гине да се гине барем за сопствената држава, а не за други интереси, рече Гоце Гешовски.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов нагласи дека Гешовски, како и многумина други го даде својот живот за туѓа држава.

– Ваквите жртви треба да ни бидат поука во иднина да не се прават вакви грешки. Ако некој веќе се жртвува, да се жртвува за сопствената држава, рече Панов. 

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење