Во Кавадарци одбележан денот на Европа

Од:

Со пригодна културно уметничка програма, денеска во Кавадарци беше одбележан денот на ослободувањето од фашизмот и денот на Европа. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов рече дека фашизмот како грешка од минатото може да биде само една лекција од која треба да научиме, како не треба да гледаме на работите и како треба да работиме за иднината.

-Македонија е колевка на културата, колевка на православието и морам да кажам дека и Европа може многу да научи од Македонија, нагласи тој.

Амбасадорот на Холандија во Република Македонија Воутер Пломп изрази задоволство што е на овој ден во Кавадарци. Основите на Европската Унија, потсети, се поставени пред шеесет години со договорот од Рим, а Холандија е еден од основачите на Европската Унија.

– Холандија како и Македонија е мала земја и ние сфативме дека најдобро можеме да ги оствариме нашите национални интереси преку сојузи. Сојузи со нашите соседи, сојузи со нашите истомисленици. И ова беше нешто што особено го разбравме после стравотиите на Втората светска војна и фашизмот на којшто се осврна и градоначалникот во својот говор. И само така разбравме дека можеме најдобро да просперираме во едно пошироко заедничко семејство на Европските држави, рече Пломпј.

Како и секое семејство, додаде, во Европското семејство има различни членови.

-Меѓутоа ние веруваме дека овие разлики се нашата силна страна, а не нашата слабост. И веруваме дека споделуваме заеднички вредности како што се демократијата, човековите права, мирот и еднаквоста, веруваме дека нашите разлики единствено можат да се надминат преку дијалог и преку консензус, нагласи холандскиот амбасадор.

Информираше дека во Македонија е веќе две години и имал можност да прошета низ голем дел од земјата и да види голем дел од нејзините убавини.

– Многу холандски туристи доаѓаат во Македонија, ја истражуваат земјата исто како мене. И сигурен сум ќе ги видете и овде бидејќи не одат само во Охрид, туку доаѓаат и во убавиот Тиквешки регион и во Кавадарци, рече Пломп.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он