Во Кавадарци одбележан Денот на Црвениот крст на Република Македонија

Од:

Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци синоќа им додели признанија и подароци на најуспешните кавадаречки крводарители. Со тоа се одбележа 17 Март – Денот на крводарителите и Денот на Црвениот крст на Република Македонија.

Претседателот на Црвениот крст – Кавадарци Димитар Каракулев информира дека минатата година било планирано да се реализираат 1.180 крвни единици во Кавадарци и Росоман, во соработка со Кабинетот за трансфузиологија и Службата за трансфузиологија при Републичкиот завод Скопје.

– Многу успешни сме на планот на крводарителството. Реализирани беа плус 536 единици или вкупно 1.716 крвни единици, значи планот беше остварен со 144,2 проценти, нагласи Каракулев.

Кавадарци, како што рече, е во 10 најуспешни општини, кога станува збор за крводарителството и најави дека денеска на свечена седница во Скопје ќе примат благодарница од Црвениот крст на Република Македонија.

Наградени беа шеесетина крводарители. Четириесетина добија подароци за четирикратно дарување крв во текот на една година. Во соработка со општината, за петмина кои минатата година дарувале јубилејни 50 или 75 пати крв беа обезбедени рачни часовници.

– Имаме крводарители кои дарувале крв и повеќе од сто пати, но тие ги имаат добиено своите признанија минатата година, а сега ќе добијат благодарници како ветерани од областа на крводарителството, рече Каракулев и им се заблагодари на сите хумани луѓе кои имаат спасено многу животи.

Тој упати благодарност и до десетина компании во кои, како што рече, успешно се реализираат крводарителски акции, а на нивните преставници им беа доделени признанија.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење