Во Кавадарци ангажирани 12 лица преку програмата за општо корисна работа

Од:

Успешно се спроведува програмата за општо корисна работа во Кавадарци, преку проектот „Грижа на стари, изнемоштени, инвалидизирани и лица со оштетен вид”, вели за МИА Тодор Ефремов, раководител на Сектор за локален економски развој.

Појаснува дека програмата е финансирана од страна на УНДП, а се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија и има за цел да го унапреди системот за обезбедување на социјални услуги на локално ниво, преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги.

– Од 1 октомври 2017 до 31 март 2018 година општина Кавадарци во соработка со Центарот за социјална работа, Центарот за вработување – Кавадарци и „Здружение на слепи лица на град Кавадарци” го спроведува овој проект. Преку програмата времено се ангажирани дванаесет лица, како негователи во период од шест месеци, со работен ангажман и скратено работно време по 20 работни часа неделно, со надоместок од 6.200 денари месечно, од кои 150 денари се за осигурување при случај на несреќа при работа, вели Ефремов.

Општина Кавдарци го финансира само делот за пресонален данок на доход, кој за 12 времено ангажирани лица изнесува 8.268 денари месечно или 49.608 денари за шест месеци. Посочи дека ангажманот на лицата се состои од пружење на елементарна помош и грижа за стари, изнемоштени и лица со оштетен вид на кои им е неопходна подршка и помош.

– Таа помош опфаќа набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба, набавка и достава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални потреби, плаќање на месечните сметки за струја, телефон, вода и слично, заедничко дружење со лицата корисници на проектот. Со програмата се опслужени 48 крајни корисници, од кои 30 се стари и изнемоштени лица, 11 инвалидизирани и 7 лица со оштетен вид. Секое ангажирано лице опслужува четири крајни корисници, информира тој.

За прв пат овој проект во Кавадарци се реализираше во 2015 година кога времено се ангажираа шест невработени лица кои опслужуваа 20 стари, изнемоштени и инвалидизирани лица. Во 2016 година повторно времено беа ангажирани шест невработени лица кои опслужуваа 24 крајни корисници, односно стари, изнемоштени, инвалидизрани и лица со оштетен вид.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење