Во Кавадарци 42. Средба на цивилни инвалиди од Втората светска војна

Од:

Традиционална средба на цивилните инвалиди, жртви на фашистичката агресија и Втората светска војна, по 42. пат се одржа денеска во Кавадарци. Присутните се потсетија на страдањата од минатото, за кои посакаат да не се повторат.

– Во тоа време настрадало голем број од цивилното население. И после војната многу деца настрадале од повоен експлозивен материјал. Сето тоа сакаме да биде одбележано за да не се заборави. Во 1971 година имаше 1.200 цивилни инвалиди од војната. Тој број сега е намален. Ние сме како живи споменици кои ги потсетуваме и предупредуваме државите, да нема војни и да има траен мир, рече Душан Нешевски, претседател на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната.

Во рамки на средбата, беше посетен и Споменикот на 12-те стрелани младинци во кавадаречкото село Ваташа.

Пред присутните гости од цела Мкедонија, културно уметничка програма изведоа ученици од Основното училиште „Гоце Делчев” и Фолклорниот ансамбл „Тиквеш”, кој работи при Домот на културата „Иван Мазов-Климе” од Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење