Во јануари годинава измерена најниската температура досега – 28 степени

Од:

Во јануари годинава, кој според метеоролозите беше екстремно студен, се измерени најниските средномесечни температури досега. На 8 јануари во Берово се измерени – 28 степени.

Според информацијата на УХМР, во целата земја средните јануарски температури се под нула и се движеле од -6,8 во Маврово до нула во Гевгелија. Секаде средната температура е под просекот со многугодишните просечни вредности и до пет степени. Се движела од -5.9 во Берово, -5,4 во Лазарополе, -4,2 во Битола и Крива Паланка, -4 степени во Скопје, -3,6 во Прилеп, -3,5 С во Струмица, -3,3 во Штип, -2,7 во Демир Капија и -1 степен во Охрид.

На некои места температурата е пониска и за шест степени. Забележани се екстремно ниски температури на почетокот на месецот, а апсолутно минимални температури се регистрирани на 8 јануари од -28 степени во Берово, -24,6 во Битола, -23,8 во Маврово, -23,3 во Крива Паланка, -23 во Лазарополе, -21 во Прилеп и – 20,6 во Штип.

УХМР наведува дека во јануари 2017 беа регистрирани и обилни врнежи од снег, кои започнаа на 6 јануари, а снежната покривка во најголемиот дел од земјава се задржа до крајот на месецот, но не ги надмина досегашните максимални вредности, а направи проблем во одвивање на сообраќајот.

Максималната висина на снежниот покрив е забележана на 19 јануари и изнесувала 85 сантиметри во Маврово, 49 во Битола, 33 во Берово, 30 во Демир Капија, 22 во Скопје, 18 во Струмица, 17 во Штип и 14 сантиметри во Прилеп. Количеството на врнежите во целата Република е во рамките на просечните вредности за јануари, освен во Демир Капија каде врнежите се двапати повисоки од вообичаените јануарски вредности.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски