Во делови од Македонија десет години не паднало олку дожд на почетокот на август

Од:

Количеството на врнежи за првите 10 дена од овој месец се движеше од 400 милиметри во Берово до 141 милиметри во Демир Капија, покажуваат мерењата на врнежите добиени од мрежата на метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи за периодот од 1 до 10 август.

На останатите мерни места се регистрирани 130 милиметри врнежи во Прилеп, 113 милиметри во Струмица, 98 милиметри во Скопје, 95 милиметри во Штип, 86 милиметри во Битола, 66 милиметри во Охрид и 64 милиметри во Крива Паланка.

– Количеството на врнежи на станиците во Демир Капија, Прилеп, Струмица, Скопје, Штип и Охрид ги надминуваат досегашните суми на измерени декадни вредности (1951-2020), соопштија од УХМР.

Од Управата наведоа дека апсолутниот дневен максимум на врнежи во август до сега е надминат само на метеоролошката станица Струмица каде на 7 август 2020 година се измерени 62 милиметри.

Би можело да ве интересира

Исклучително високи водостои на Вардар и на Треска, има опасност од излевање

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд