Денеска променливо облачно со повремен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно.

Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во вторник и во среда ќе преовладува стабилно време.

Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.

Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град