Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

УХМР за утре најавува променливо облачно време со слаб локален дожд.

Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.

За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен).

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h