Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, облачно со повремени слаби врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време.

Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд