Следните денови врнежи од дожд и посвежо

Од:

Поради спуштање на ладна воздушна маса, следните денови не очекува промена на времето. Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат пообилни.

Врнежите на повисоките места можно е да преминуваат во дожд и снег, а на планините од снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец. Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен.

Во Скопје, посвежо со повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува јужен, а во четврток и петок умерен до засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи