Следната недела теператури до – 18 степени

Од:

Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со наврнати над 20 литри на квадратен метар за 24 часа, а на планините од снег.

Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.

Ќе дува умерен, а наместа засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

И во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Според најавите од УХМР, во новата работна седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури скоро секаде ќе бидат под нулата, некаде дури и со утринска температура од – 18 степени. Наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег

Денеска облачно и врнежливо време, на планините снег

Горан Наумовски

Денеска студено, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд

Минусни температури утре и задутре, за викендот снег

Денеска облачно со дожд, на места засилен ветер

Претпладне дожд, попладне разведрување