Во Дебар не почна вакцинацијата

Од:

Најавената вакцинација на лицата на над 77-годишна возраст денеска во Дебар не почна поради проблем кој настанал во системот за упатување и пријавување.

Според директорот на Општата болница со, Баки Алили, каде во службата за вакцинација требаше да почне имунизацијата против Ковид-19, се било подготвено за почеток, но проблемот настанал на релација со матичните лекари и пријавувањето, што го потврдуваат и самите матични лекари.

– Проблемот се појави со затајувањето на системот за начинот на пријавување и упатување на лицата кои беа пријавени преку електронски пат или нивните матични лекари, а се постари од 77 години. Овој проблем е веќе надминат и сега ги подготвуваме соодветните пријави за тоа, вели Африм Маќелара, матичен лекар.

Во Дебар на 30 март пристигна 88 дози од вакцината „Астра зенека“ против Ковид-19, со која ќе бидат опфатени лица од општините Дебар и Центар Жупа.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат