Во битолските средни училишта слободни 720 места за идни средношколци

Од:

Секторот за образование на општина Битола соопшти дека заврши првиот уписен рок за ученици во средно образование и во тек се подготовките за вториот уписен рок кој ќе се реализира на 1 и 2 јули.

Раководителот на Секторот за образование во општина Битола, Снежана Петровска истакна дека од објавените 1.700 места во едно државно и шест средни општински училишта, за вториот уписен рок останале 720 слободни места, а понуда за упис има во сите училишта во градот.

– Во државното средно музичко училиште слободни се уште 5 места за упис, а релативно мал број слободни места за упис има и во средното економско училиште „Јане Сандански“ каде може да се запишат уште 9 ученици и во гимназијата „Јосип Броз Тито“ каде може да се запишат уште 14 ученици. Во другите средни училишта има можност за запишување на повеќе завршени основци кои сакаат своето средно образование да го завршат во Битола, посочи Петровска.

По завршувањето на првиот уписен рок  најмногу слободни места има во средното општинско училиште „Таќи Даскало“ каде може да се запишат уште 334 ученици, потоа во средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ каде може да се запишат уште 195 ученици, средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ каде место има за 121 ученик и средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ каде слободни се 42 места.

Резултатите од вториот уписен рок ќе бидат објавени на 4 јули, а на 22 август ќе биде организиран и трет уписен рок, информираат од Секторот за образование на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов