Во Битола работилница за зајакнување на улогата и независноста на судиите во Македонија

Од:

Здружението на судии на РМ и Амбасадата на САД во Македонија, денеска во Битола ја одржаа првата регионална дискусија на тема „Судска реформа и казнена политика на судовите во Република Македонија“, во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“.

Со проектот се опфатени и ќе учествуваат 150 судии, 50 адвокати и 50 обивнители, истакна Шпенд Деваја, врховен судија во Врховниот суд на Република Македонија.

– Проектот е во функција на реформите во правосудниот систем со фокус на независноста на судиите. Проектот содржи три столба кои ќе бидат анализирани и дискутирани на работилниците во Битола, Штип, Охрид и во Гостивар. Во рамки на проектот за нас значајна е поддршката и учеството на судии од Федералниот суд во Америка, како и извештајот на Прибе во кој се дадени одредени насоки за реформи во македонското судство, рече Деваја.

Според него, добро е што во работната група за реформи во судството учествуваат и судии кои директно ќе ги застапуваат интересите на судиите и ќе бидат информирани за новите законски решенија кои токму тие ќе ги применуваат.

Би можело да ве интересира

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски