Во Берово минус 21 степен

Од:

Најстудено изутрина во државава е во Берово, каде се измерени минус 21 степен, по што следат Маврово, со минус 17, Лазарополе, -16, Крушево, Крива Паланка и Струмица, – 14. Минус 12 се регистрирани во Куманово, -11 Скопје Петровец, Тетово, Дебар, Пожаране, -10 Виница и Штип, -9 Охрид, Ѓуриште, -8 Прилеп, Демир Капија, Тополчани и Скопје, -7 Битола, Претор, -6 Гевгелија, -4 Дојран.

Висината на снежната покривка во Маврово изнесува 71 сантиметар, 48 во Лазарополе и Пожаране, 46 во Ѓуриште, 30 во Крушево..

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност, поизразена на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата од минус два до пет степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата до два степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат за 2 до 5 степени повисоки. Од недела и условите за појава на магла по котлините ќе се зголемат, а ќе се зголеми и облачноста поради што од понеделник утринските температури ќе се покачат.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски