Во април 205 одобренија за градење

Од:

Во април годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 14,9 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод застатистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 12.548.297.000 денари, што е за 353,1 процент повеќе во однос април минатата година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (63,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (18,1 процент) за нискоградба и 38 (18,5 проценти) за реконструкција.

Од вкупно 205 објекти, на 131 (63,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 објекти (36,1 процент) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 422 стана со вкупна корисна површина од 36.734 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он