ВНИМАНИЕ: Пеколни температури и портокалова фаза

Од:

Во Македонија од вторник, повторно пеколно високи температури и портокалова фаза.

Вредност на УВ индексот ќе биде 10.

Ќе дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар.

Максималните температури ќе се движат до 43 степени.

Комисијата на Министерството за здравство упатува апел до граѓаните да го почитуваат превентивните мерки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините.

Во вторник и среда, поради екстремно високите температури, да се избегнува работа на отворено место, работодавците да им овозможат соодветни услови на вработените и да се воведе посебен режим по градинките и вo домовите за стари лица, препорачува Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд за наредните два дена ги даваат следниве препораки до сите работодавачи, и од јавниот и од приватниот сектор:вентилација и по можност климатизација во работниот простор, да се избегнува работа на отворено за време на најтоплиот период од денот односно во период од 11 до 17 часот, воведување работа во две смени, обезбедување на засолништа каде што вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата и почести паузи во текот на работата и консумирање на течности и предупредување за зголемени опасности од несреќа при работа (пожари).

Во детските градинки децата да се изнесуваат на прошетка единствено до 10 часот наутро, да се нуди лесна храна и повеќе течности, да се заштитат од дирекна сончева светлина со ролетни или завеси.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска