Скопскиот, струмичкиот, пелагонискиот и охридскиот регион од денеска се во во портокалова фаза, што значи екстремно високи температури и опасно висок степен на УВ зрачење.
Затоа во периодот од 11 до 17 часот е препорачливо да се остане во климатизирани простории . Надвор да се носи светла и лесна облека од природни материјали и заштитни очила и капа. Препорачливо е да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна и тешка храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалоци.
Владата предупреди, при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, а хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Во однос на зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
Од денска администрацијата има и ново работно време. Поради топлотниот бран државните органи и јавните претпријатија и установи го организираат своето работно време од 7 до 15 часот.