ВМРО-НП: Алфа, Канал 5 и Сител емитуваат програма која е духовно злосторство и предавство

Од:

ВМРО-Народна партија со внимание ја анализирала уредувачката политика на владините национални медиуми во 2014 година, посебно на телевизиите: Алфа, Канал 5, Канал 5+, Сител и Сител 3, во кои доминирале емисии со српска националистичка содржина, директно насочена против македонскиот идентитет.

Во соопштението на партијата стои:

Како поинаку да ги наречеме стотина пати репризираните документарни емисии во кои се величи српството во балканските војни и Првата Светска Војна, филмот ,,Маршот на Дрина,, серијалот посветен на ликот на Никола Пашиќ, на најголемиот српски националист и осведочен душман и негатор на македонскиот народ и идентитет, емисии за српските династии Обреновиќ и Караѓорѓевиќ, серијата ,,Монтевидео,, и најголемата глупост, серијата што деновиве се емитува под името ,,Војна Академија,, која претставува замена за носталгијата по окупациската ЈНА, до петпарачки филмови и емисии каде доминираат неморал, пцости , резилии и други гадости. А сето тоа во меѓувреме зачинето со повеќечасовна српска турбо фолк музика.

Врв на сето ова претставуваше српската новогодишна и божиќна телевизиска програма специјално подготвена зааедничка за Србија и Македонија , повеќекратно засилена за да се добие поголемо влијание врз македонските граѓани кои за празничните денови во голем број останаа во своите домови.

Медиуми кои имаат национален предзнак и уживаат целосна подршка од Владата, и кои добиваат големи суми на средства од домашни и надворешни ментори, а за возврат емитуваат програма која претставува духовно злосторство врз сопствениот народ, е рамно на предавство. Тие заслужуваат да се стават на столбот на срамот и никогаш да не се симнат.

ВМРО-Народна партија за сите овие состојби крајно опасни по идентитетот на македонскиот народ, како единствен виновник директно ја посочува ,,најмакедонската партија,, ВМРО-ДПМНЕ со нејзината влада како извршител. Господа од ВМРО-ДПМНЕ, зарем не вие срам од сегашнава ваша идеолошка матрица која се повеќе наликува на идеологијата од раните години на 20 век на српските радикали и националисти предводени од гореспоменатиот водач и подоцнежното српско четништво кои отворено го негираа постоењето на македонскиот народ.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања