ВМРО-ДПМНЕ: Знаеме колку тежи зборот на Зоран Заев

Од:

„Лагите на криминалецот Зоран Заев излегуваат на површина.

Криминалецот Зоран Заев од една страна го лаже народот дека ќе застане во заштита на националните интереси, а од друга страна не се откажува од реализирањето на Тиранската Платформа.

При вчерашната прес конференција неговиот коалиционен партнер Зијадин Села изјави дека ниту потпишал, ниту има намера да потпише или почитува гаранција побарана од Претседателот Иванов.

За Села откажувањето од Тиранската Платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца.

Зоран Заев ќе мора да избере дали ќе остане на гаранцијата дадена пред Претседателот Иванов и граѓаните и ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне во реализација на ветувањата дадени пред лидерите на албанските партии.

ВМРО-ДПМНЕ и народот знае колку тежи зборот на Зоран Заев. Многу пати Заев едно зборувал, а друго правел. Многу пати Заев едно ќе кажел преку ден, а веќе друго кажува следниот ден.

На криминалци кои лажат како Зоран Заев не може да им се верува.

Ваквото деструктивно однесување, насочено против македонскиот народ и државата, нема да трае.

Народот секогаш победува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее