Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на секојдневното присуство на Филипче на митинзите заедно со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
“Додека луѓе умираат и државата не може да излезе од состојби наvепидемии Филипче во работно време оди по партиски митинзи на Стево Пендаровски.
Амбулантите и болниците се пред распаѓање, Филипче наместо да се грижи за инфраструктурата во здравството, како и за вработените, тој се шета по митинзи и тера политика.
Додека граѓаните не можат да добијат основна здравствена услуга за парите кои редовно ги уплаќаат во државната каса, Филипче ги заборава и се грижи за кампањата на Пендаровски.
Граѓаните очекуваат од Филипче да се грижи за здравството, работа за која зема плата од буџетот, а не да биде партиски промотор на Пендаровски.
Господине Филипче наместо по митинзи да се шетате и сликате, кажете им на граѓаните до каде е изградбата на новиот клинички центар, кој доколку продолжеше по проектот на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе беше во напредна фаза на реализација, до каде е клиничкиот центар во Штип, зошто се уште нема бесплатно болничко лекување за сите, каде е платата од 100.000 денари за лекарите, зошто нема лекови во аптеките и уште многу работи кои се ваша обврска.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.