ВМРО-ДПМНЕ: Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Димовски и Зечевиќ

Од:

Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Виктор Димовски и Миле Зечевиќ. Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко, и е исто толку виновен како Димовски и другите лица вмешани во овој скандал велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Милошевски може да се “пофали” и со давање на македонски патни исправи на 200 криминалци од регионот и светот. Наместо, Милошевски да биде разрешен од позицијата помошник директор, Ковачевски го унапредува со назначување на прв човек на АНБ. Ковачевски уште еднаш покажува дека единствен интерес на власта е политизација и партизацијата на институциите и исполнувања на барањата на клановите на СДС кој се бореа за оваа директорска позиција. Да беше Македонија правна држава, до сега Димовски наместо за амбасадор во Франција, а Милошевски за директор на АНБ, ќе одговараа кривично за бројните пропусти со делење на македонските пасоши на нарко босови и давање државјанство на лица на црната листа на САД. Власта во континуитет го уништува безбедносниот систем во државата. Седум години СДС раководи со МВР и безбедносниот систем, 7 години Македонија има безбедносни пропусти и нарушување на безбедноста се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела