А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Замижувањето пред јавните закани отвора директен сомнеж за нарачателите на обидот за линч на Ристовски и Јанакиески 

by А1он24/02/2019 - 09:44289
Share0

Зоран Заев за Кумановската група обвинета за убиство на 8 полицајци во Диво Насеље ветуваше амнестија и меѓународна истрага наведени во Тиранската платформа. Членови на Кумановската група непречени од никого сега се закануваат, вршат тортура и линчуваат политички неистомисленици на Зоран Заев, велат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Непостапувањето на власта и замижувањето пред јавните закани отвора директен сомнеж за нарачателите на обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Политичка и кривична одговорност за нарачателите и за тие кои не сторија ништо за да се спречи тепањето на Ристовски и Јанакиески мора да има. Одговорните за овој скандалозен акт мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Случајот не смее да се заташка со бледи обиди за избегнување на одговорност. Зоран Заев и Рената Десоска мора веднаш да поднесат оставка за да може да се спроведе истрага која ќе резултира со одговорност на вистинските нарачатели.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДСМ апсолутно никако не може да избега од фактот дека беше дозволено да бидат претепани поранешни министри и политички неистомисленици на Зоран Заев. Ваквиот случај е невиден срам за земја која себе се нарекува демократска и претендира да биде дел од европското семејство“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат-„СДСМ свесни дека немаат поддршка од граѓаните на Република Македонија почнаа да креираат страв во обид да го избегнат неминовниот пораз на изборите“.

Откако е СДСМ на власт сведоци сме на секојдневен политички прогон на неистомислениците, стои во партиското соопштение и се додава дека луѓето се затвораат и малтретираат само заради тоа што не се согласувале со погрешните политики на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

mile janakiekisdsmspiro ristovskivmro-dpmneZoran Zaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:09

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео