ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ахмети се договорија кабелот да биде виновен за 14 изгорени луѓе

Од:

Заев и Ахмети се договорија кабелот да биде виновен за 14 изгорени луѓе, наместо да поднесат оставки. Заев ја спасува коалицијата СДСМ – ДУИ, за него владата е поважна од 14 изгубени човечки животи велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев вчера излезе и ги отфрли оставките на Филипче и Хасани, затоа што тие здружено двајцата се челници на криминалот во здравството. Заев не ги дава Филипче и Хасани затоа што многу знаат, знаат и за провизиите од кинеските вакцини, а знаат и за сите матни тендери. И затоа Заев кажува приказни за мали деца, затоа нема одговорност, туку кабелот е виновен за смртта на 14 луѓе. Ако не беше кабелот ќе беше штекерот или осигурачите, но за Заев никако не смее одговорен да биде Филипче, затоа што тие се здружени во криминалот. Доколку Заев мислеше на Македонија веднаш ќе ја прифатеше оставката на Филипче и Хасани, а веднаш потоа и сам ќе си дадеше оставка, но на Заев поважна му е владата отколку одговорноста за 14 загубени човечки животи, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ