ВМРО-ДПМНЕ: Картата е црвена, победивме во најголем број на општини во Македонија

Од:

„Картата е црвена. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова победија во најголем број на општини во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова со народот освоија повеќе гласови од првиот круг.

Членството на ВМРО-ДПМНЕ беше под константен политички прогон, власта се служеше со сите методи. Но одговорот го добија од народот. Сега да има предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најголем број на пратеници.
Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во: Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено, победа има и во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Штип, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Виница Градско, Дебарца Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чешиново Облешево и нерешено е во Радовиш.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува заедно со народот. Оваа недемократска и ненародна власт мора да падне.

Граѓаните го кажаа своето. Падот на Заев е неминовен.

Народот гласаше за право и правдина наспроти криминал, корупција и непотизмот на Заев и СДСМ. Народот гласаше против коруптивната шема по принципот „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“. Народот сака право и правдина. Предвремените парламентарни избори се неизбежни“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му