ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да поднесе оставка зошто поставил командир кој ги загрозува граѓаните

Од:

Мафијашки пресметки, убиства, кражби, дивеења, киднапирања сред бел ден и пукања со автоматско оружје се реалната слика од седумгодишното мистерување на Оливер Спасовски велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– 30 годишен командир на полициската станица Ропотово пукал со калашников од тераса, додека други граѓани гледаат и снимаат.Командирите кои ги постави Спасовски и СДС се однесуваат како локални полициски шерифи и наместо да обезбедат безбедност, тие демонтрираат сила и моќ. Со ваквото однесување командирот на ПС Ропотово кој треба да обезбеди безбедност за граѓаните, истато не само што не го прави, туку им ја загрозува безбедноста и ги вознемирува граѓаните. Спасовски мора да понесе одговорност, бидејќи до сега не успеа како министер да расветли ниту едно убиство. Истрагата мора да покаже дали командирот на ПС Ропотово нелегално поседувал калашников, бидејќи истото може да го има само Армијата или министертвото, додека за цивили е забрането. Спасовски веднаш да поднесе оставка. Никој не смее да предизвикува општа опасност и да ја загрозува безбедноста и мирот на граѓаните, се вели во соопштението од партијата.

МВР информираше дека командираот кој се гледа на видеото е приведен.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард