А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи по двојни аршини

by А1он15/09/2016 - 14:51115
Share0

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Специјалното јавно обвинителство денеска дало најдобар пример за, како што соопшти, двојните аршини по кои работело.

Добивај вести на вибер

Според ВМРО-ДПМНЕ, обвинителката Фатиме Фетаи тргнала отворено против сите граѓани кои одлучиле да излезат на протест против спречување изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротивставиле на намерите на Андреј Жерновски и советниците на СДСМ да не дозволат да се гради црквата „Свети Константин и Елена“.

– Обвинителката Фатиме Фетаи реши да тргне против верниците кои имаат уставно загарантирано право на протест и имаат право да го изразат сопственото негодување со политиките на Жерновски и СДСМ, само заради тоа што предизвикале материјална штета од 20 евра. Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат штетите од милиони евра предизвикани од вандалите на платеничката револуција,  се вели во соопштението.

Фатиме Фетаи и Катица Јанева, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ги игнорираат повиците на аболицираниот криминалец Зоран Заев и Радмила Шекеринска и нивната поддршка во палењето, демолирањето, ограбувањето и уништувањето на институции и културно историски споменици при вандалското однесување на членовите на платеничката револуција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Фетаи и Јанева имаат само една цел и се обидуваат неосновано да го оцрнуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како што наведуваат, само заради тоа што било и ќе биде на страна на народот. – Фатиме Фетаи и Катица Јанева не го познаваат ВМРО. ВМРО издржало многу покритични напади од нивните. ВМРО ќе ги издржи и овие нарачани политички случаи и ќе остане со народот, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Специјалното јавно обвинителство најави дека денеска до Основниот суд Скопје 1 ќе поднесе два обвинителни предлога, по скратена постапка, поврзани со кривични дела кои произлегуваат од незаконски прислушуваните разговори. Првиот е за уништување службени документи во Петтата управа во УБК и вториот за настаните во Општина Центар за ДУП „Мал ринг“.

dpmnesjo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен