ВМРО-ДПМНЕ: Што договорил Заев во Давос на средбата со Ципрас?

Од:

„Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор? Што се крие од македонската јавност.

Во земјава владее целосен молк по овие прашања кои се погласно се поставуваат. Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори.

Демократијата и владеењето на правото се деградирани во Македонија под власта на СДСМ.
Десетици луѓе се притворени без основ и врз нив се врши политички терор, само затоа што имаат спротивен политички став од Зоран Заев.

Правосудните органи не одлучуваат по закон и се кршат правата на притворените. Слободите и правата на луѓето се загрозени. Владеењето на правото е нарушено, ова го констатираше и Комесарот за човекови права на Советот на Европа.

Притворените се жртви на класичен терор и политичка инквизиција во современа Европа во 21 век. Правата на притворените беа прекршени и при нивното апсење, факт кој го констатираше и Народниот правобранител. Факт кој беше игнориран од МВР.

Самото дело според кое се води истрагата против десетици македонски патриоти е неосновано и неаргументирано. Целиот процес е само акт на политички терор, кој мора да запре, во интерес на демократијата, плурализмот и владеењето на правото.

Притворот како средство за обезбедување присуство се претвори во средство за казна. Ова е спротивно на основните принципи на човековите права, кои ја гарантираат неприкосновеноста на слободата и нејзиното лимитирање само во исклучително законски определени ситуации. Обврска која во Македонија не се почитува.

Политички притворените патриоти подолг период се држени во притвор без во постапката против нив да се поведе било какво истражно дејствија. Тоа на дело ја покажува целата конструкција, неоснованост и безидејност.

Правосудните органи имаа единствена можност да ја вратат довербата на граѓаните во правната држава. Правосудните органи мора да се издигнат на притисоците и да одлучуваат единствено врз база на закон“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија