ВМРО-ДПМНЕ: Секој Македонец се срами од деструкцијата на СДСМ

Од:

Трагичниот и очаен СДСМ продолжува со срамни лаги и ефтини манипулации да ги злоупотребува настраданите во поплавите кои одзедоа 22 животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ.

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев и некрофилите од СДСМ не одговорија зошто нивните советници во Советот на општина Гази Баба во февруари 2016 барале точката за субвенционирано чистењето на каналите во општината да се тргне од дневен ред, а потоа и не гласале за истата одлука.

Пред камерите раководството на СДСМ глумат дека се загрижени за настраданите граѓани, а позади камерите СДСМ по секоја цена сака да ја искористи трагедијата за ситни политички поени. Врв на лицемерието и апсурдот.
Никој не верува во лагите и манипулациите на СДСМ. Секој Македонец се срами од деструкцијата и некрофилијата на СДСМ.

Состојбата во полавените подрчја се подобрува, а авансната исплата од 30 000 денари е дел од оштетата која ќе ја добие секое семејство кое беше зафатено од оваа временска непогода. Сите оштетени во големата природна непогода ќе бидат 100% обештетени. И тоа нема да го промени ниту еден обид за манипулација.

Резултатот од ваквата политика СДСМ ќе го добијат на наредните избори на кои ќе соберат храброст да излезат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Во Загреб, ветерот ја откорна фасадата на нова зграда, падна врз автомобили

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ветерот корне дрвја и носи покриви во Хрватска: Училиштата се затворени во 4 окрузи, снегот го парализира сообраќајот