ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ создаде вистински хаос во здравството

Од:

СДСМ создаде вистински хаос во здравството, антиваксерската кампања која ја тераа од опозиција сега ги чини граѓаните животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ креираше хаос. Додека во цел период на власт не направи ништо за здравствениот систем.

Наместо нов Клинички центар за две години од сега, како што беше предвидено од ВМРО—ДПМНЕ, СДСМ ја поништи постапката за веќе готов проект само за да распише оглас за 4 пати поскап проект, чиј што почеток е дискутабилен.

СДСМ наместо 120 милиони евра, ќе потроши 480 милиони евра за ист проект. Каде ќе заминат над 360 милиони евра народни пари? Граѓаните ќе ја имаа истата услуга за 4 пати помала цена. СДСМ е неодговорна кон здравството“, додаваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Парите на граѓаните, велат од партијата, наместо за подобрување на условите одат на сомнителни набавки вредни милиони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он