ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да го копира начинот на избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но безуспешно

Од:

СДСМ се обидува да го копира начинот на избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но безуспешно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Единствен критериум им е послушноста кон Зоран Заев и поддршката на криминалните и антидржавни политики.

Затоа толкав гнев, лаги и страв од кандидатот кој ќе го избере ВМРО-ДПМНЕ.

Знаат дека народот им го врти грбот и дека поддршката ќе ја даде на ВМРО-ДПМНЕ.
Народот не ги поддржува криминогените политики на Зоран Заев, кој нема демократски капацитет и спротивно на волјата на граѓаните донесе голем број на антиуставни и штетни договори и закони.

Граѓаните ја гледаат разликата. Граѓаните знаат кој има демократски капацитет, а кој се води по криминогените наредби на лидерот. СДСМ ќе го дознае одговорот на избори, кога ќе бидат поразени деструктивните политики и деструктивниот начин на водење на државата“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема