ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на СДСМ на која беше истакнато дека Македонија има најнебезбедни патишта на кои се гине, но и дека изградба на еден километар пат кај нас е неколкупати поскап од земјите на ЕУ.
Бочварски и СДСМ решиле да се прават слепи и недоветни на темата инфратсруктура, но граѓаните и тоа како добро гледаат и знаат да направат разлика помеѓу инвестициите во инфраструтурата од времето на СДСМ и денес.
Очигледно СДСМ немаат основни познавања од транспортната политика што се спроведува во Република Македонија и затоа објавуваат паушални и неточни информации. Во ниту еден случај во Република Македонија не се запрени пари за инфраструктурни проекти, напротив за сите проекти што се реализираат обезбедени се финансиски средства и сите се во фаза на реализација.
Уште едно елементарно непознавање на темата се изјавите од страна на СДСМ дека се запрени средства за водовод и канализации. Наместо да ги лажат и манипулираат граѓаните со бројки да објаснат како досега оваа Влада успеа да изгради водоводни и канализациони системи во речиси сите општини во Република Македонија, притоа инвестирајки преку 50 милиони евра.
Кога во 2006 владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ дојде на власт наследи лоша инфраструктура во државата. Наследи стотици и стотици километри уништени патишта без да се води сметка за обнова и изградба на нови.
Само СДСМ не гледа или пак не сака да признае дека оваа влада инвестира преку една милијарда евра само во изградба на патна инфраструктура. Или уште еднаш би ги потсетиле СДСМ што се оваа влада гради:
Во тек е изградба на автопат Демир Капија-Смоквица во должина од 28,2 км, инвестиција 210 милиони евра.
Во тек е изградба на автопат Миладиновце – Штип (автопат Гоце Делчев) во должина од 47 километри, инвестиција 206 милиони евра.
Во тек е изградба на автопат Кичево –Охрид (автопат Мајка Тереза) во должина од 57 километри, инвестиција вредна 374 милиони евра
Во тек е рехабилитација на автопатска делница Смоквица-Гевгелија со должина 10,15 км инвестиција 4,2 милиони евра.
Во тек е рехабилитација на автопатска делница Куманово-Миладиновци во должина од 23 километри, инвестиција од 6 милиони евра.
За еден месец ќе се отпочне со рехабилитација на автопатска делница Неготино – Демир Капија, во должина од 8 километри. инвестиција 4,2 милиони евра.
Изградена е автопатската делница Табановце – Куманово со должина од 7,5 км и инвестиција од 13,3 милиони евра.
Во 2012 извршена е рехабилитација на автопатска делница Катланово-Велес во должина од 27,6 км и инвестиција од 6,6 милиони евра.
Во 2008 година беше пуштена во употреба Обиколницата на Скопје, дел од Коридорот 8 во должина од 26.8 км и инвестиција од 15 милиони евра.
Реконструирани се сите мостови на Коридор 10 во износ од 38 милиони евра.
Во 2015 година извршена е рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово во должина од 23,5 км и инвестиција од 6.6 милиони евра.
Во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Велес-Кадрифаково во должина од 25,9 км, инвестиција од 14,6 милиони евра,
Отпочнат е со изградба експресниот пат Градско – Прилеп (прва фаза во должина 10 км, вредност 31,8 милиони евра).
Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Штип до Кочани во должина од 26 километри, проценета инвестиција од околу 53 милиони евра.
Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Штип до Радовиш во должината од 38 километри и проценета вредност 64 милиони евра,
Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка во должина од 26 километри. инвестција од 78 милиони евра.
Следната година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Охрид до Пешатни, проценета вредност од 52 милиони евра.
Во тек е реконструкција на 13 регионлани патишта со вкупна должина од околу 180 километри и инвестиција околу 40 милиони евра.
Во наредниот период ќе се започне со реконструкција на уште неколку регионални патни правци или инвестиција преку 70 милиони евра
Завршени се 404 локални патишта со должина од околу 750 км и инвестиција од околу 65 милиони евра.
Наместо празни изјави и манипулации со фиктивни бројки СДСМ нека излезе со конкретна програма и ако има идеи нека ги претстави пред граѓаните на Република Македонија.