ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ја признава европската економска криза

Од:

Предлог-буџетот за 2013 година е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро зоната. Буџетот за 2013 е проектиран на прогноза на 2 отсто раст на БДП и тоа во услови на глобална економска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Пред само една недела СДСМ се фалеше дека има исти прогнози во однос на економскиот раст, за да денес тие си ги корегираат сопствените проценки. Прво како смерница за сите свои економски дискусии ги земаа изјавите на меѓународните институции како ММФ и Светска банка, но штом тие ги поддржаа економските политики на Владата, СДСМ се повлече и влезе во контрадикторност со меѓународните институции. Тоа покажува дека СДСМ ги менува своите ставови ден за ден и дека не се работи за суштинска економска анализа.

Предлог-буџетот за 2013 година е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро зоната. Буџетот за 2013 е проектиран на прогноза на 2 отсто раст на БДП и тоа во услови на глобална економска криза. Девизните резерви ќе останат на високо ниво, а девизниот курс ќе остане стабилен при што, монетарната и фискалната политика ќе бидат во функција на одржување стабилно ниво на девизен курс, а со тоа и ценовна стабилност како крајна цел на монетарната политика. Дали СДСМ е воопшто свесна што значи да се одржи макроекономска стабилност во услови кога повеќето држави од Европа се соочуваат со кастрења на плати, намалување на социјалните бенефити, страшно високи ценовни шокови.зголе,мм на данопци

Во рамки на капиталните расходи, издвоени се средства за неколку крупни инфраструктурни проекти пред се започнувањето на изградбата на преостанатиот дел од автопатот на Коридорот 10, интензивирање на проектот за автопатот Демир Капија-Смоквица, како и инвестиции во делот на железничката инфраструктура, Куманово-Бељаковце и ремонт на Коридорот 10.

За енергетската област и комуналната инфраструктура предвидени се инвестиции во износ од 2 милијарди и 51 милион денари.

За технолошко индустриските развојни зони, планирани се средства во износ од 413 милиони денари.

Во Предлог-буџетот за здравството се планирани инвестиции од околу 2 милијарди 164 милиони денари, На ниво од околу 1 милијарда и 909 милиони денари се планирани средства за областа на образованието, детската заштита, спортот.

Сето ова се реални инвестиции кои ќе ја поткрепат економијата. Реализацијата на планираните капитални инвестиции во време на оваа Влада се движат околу 250 до 300 милиони евра, што е двојно повеќе од времето на СДСМ.

Со денешната прес конференција СДСМ стана единствената партија во Европа, која не ја признава Европската економска криза. Затоа исказите на луѓето од СДСМ не може да се сметаат на друг начин освен како потреба за политичко манипулирање.

Би можело да ве интересира

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада