ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев се синоним за криминал и корупција

Од:

СДСМ залудно се обидува да одбрани нешто што не може да се одбрани. Заев мора да одговори кои се високите претставници Кики и Фрики за кои што пишуваат медиумите, реагира ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

Зошто се плаши да ги открие кога цела јавност е сведок на рекетарската приказна која што се случи, а Зоран Заев се обидува да ги заштити криминалците, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев се става во заштита на криминалот и рекетот само поради тоа што се плаши дека граѓаните ќе дознаат за неговата директна вмешаност и за неговиот процент од рекетот.

Доколку Република Македонија беше држава во која владее правото до сега ниту Драги Рашковски ќе беше Генерален секретар на Владата бидејќи граѓаните слушнаа како мести тендер од 7 милиони евра, Курто Дудуш немаше да биде градоначалник бидејќи тепаше граѓани во неговиот кабинет, ниту пак Катица Јанева, Кики и Фрики ќе беше амнестирани од одговорност, туку ќе беа изнесени пред органите на правдата и ќе одговараа.

Во Македонија ќе се врати правната држава само кога СДСМ и Зоран Заев ќе си заминат. Колку побрзо тоа се случи толку подобри и за граѓаните и за државата.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски