СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска, но од правдата нема бегање

Од:

„Мицкоски не успеа. Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата. СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата.“, велат од СДСМ преку соопштение.

„Затоа, како што најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, идната недела до Собранието на Република Северна Македонија, Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство.

Специјалното Јавно Обвинителство се интегрира со досегашното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и добива нов назив.

Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО.

Тоа е во интерес на граѓаните и државата. Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.

Секој што го прекршил законот, без разлика на партиска или било каква друга припадност, ќе се соочи со правдата.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов