ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев

Од:

„Стево Пендаровски и Зоран Заев се исти 102.5%. Зоран Заев ветуваше дека се додека дише нема да го промени уставното име на државата. Зоран Заев го промени името на државата. Зоран Заев излажа. И Стево како и Заев лаже.

Секое ветување на Стево Пендаровски е лага. Исто како што и секое ветување на Зоран Заев пред избори гледаме дека е лага.

Во интервју за бугарска телевизија само неколку недели пред да го смени името, Заев кажуваше колку е понижување доколку би требало да го смениме името и за внатрешна употреба, па и на владата да го пишува новото име. Зоран Заев само неколку недели подоцна го промени името и за внатрешна употреба. Зоран Заев излажа. Стево Пендаровски е 102.5% ист како Зоран Заев и тој лаже како Заев.

Зоран Заев јавно ветуваше и се колнеше, за по само неколку месеци да направи се спротивно на тоа што првично го ветуваше.

Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чест и работлив претседател, кој ќе води сметка за државните и национални интереси. Република Македонија има потреба од претседател како Гордана Силјановска Давкова, која држи до својот став и стои на линија на македонските државни и национални интереси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му