ВМРО-ДПМНЕ преку нов Закон за владино рекламирање сака со народни пари да ги храни провладините медиуми

Од:

Владата на седница во петокот усвои нов Закон за владино рекламирање на медиумите кој од наредната недела треба да се најде пред пратениците. Според информациите кои протекоа во јавноста, се работи за итен реформски приоритет, а опозицијата тврди дека не знае за ваков предлог Закон, ниту пак дека на преговорите се разговарало за такво нешто.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, не одговараат која е причината за експресно носење на Законот, особено поради причината дека според Извештајот на Прибе, тоа значи купување на политичка поддршка од медиумите преку финансиска поддршка на медиумскиот пазар.

Засега не се знае што точно носи предлог Законот, кој за Владата е итен реформски приоритет, но како што е познато во јавноста, владините реклами прекинаа поради Пржинскиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии.

Во врска со Законот, реагираше и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

„Донесување на Закон за владини реклами, во било која форма, ќе значи озаконување на корупцијата во медиумите. Тоа ќе биде најголемиот удар врз досгашните напори за ослободување на медиумите од контролата на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт мора да го знаат ДУИ, СДСМ и ДПА, но и меѓународниот фактор, САД и ЕУ. Законот ќе има застрашувачки последици врз слободата на медиумите и информирањето на граѓаните. Не само што со наши пари ќе ги контролираат медиумите, туку во нивните пропграми ќе промовираат лаги или полувистини. Прво, Владата останува главен уредник на медиумите, исто како што во бомбите Сашо Мијалков му ги уредуваше вестите на Латас. Владата ќе одличува што ќе се објавува во медиумите, а што нема. Груевски ќе спречи било каква критика во медиумите. Второ, владата ќе ја крои и кадровската политика во медиумите, ќе продолжи чистењето на редакциите од критичките уредници и ќе мести свои мегафони, кои место новинарство, ќе продадат гебелсова пропаганда, која ја глчедаме секој ден. Трето, владата ќе остане најголем огласувачи во медиуми и со тоа ќе направи упад врз медиумскито пазар. Медиумите ги контролира оној што ги финансира. Четврто, партиската пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ со закон ќе се прогласи за јавен интерес. Медиумите ќе бидат преплавени со кампањи, во кои ќе ни продадат лаги со опашка, за наводните успеси на Груевски. Ќе продолжат да ни кажат колку деца да раѓаме, за да после некој мањак на улица да ни ги прегази со кола. Ако не ги запираме овде, немојте утре да се чудите кога во некоја медиумска кампања ќе не едуцираат во која поза да водиме лубов. Петто, со наши пари владата ќе дисциплинира медиуми, нејзините мегафони ќе ги наградува со огромни пари во знак на благодарност за службувањето на интересите на власта, а на критичните ќе им ги замачкуваат очи со минимални износи. Ако некој во ЕУ и САД верува дека законот ќе обезбедува транспарентност и критиериуми за распределба на кампањите, многу се лажат. Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ не се води од тоа што пишува во законот, туку како ќе рече поглавицата. Ние во ЗНМ место владини капмањи, преку кои се продава ефтина пропаганда, се залагаме за субвенционирање на медиумите. Истите пари што владата ги троши за пропаганда, да ги одвои за помагање на медиуите за прозиводство на поквалитетна програма во интерес на граѓаните, за зајакнување на политичкиот плурализам во медиумите, за обука на новинарите и друго“, напиша на својот фејсбук профил Селмани.

Дека парите од Владата влијаат врз работата на медиумите доказ се отпуштањата во ТВ Нова и регионалната ТВ К1.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

ВМРО-ДПМНЕ: Во програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на нови 55.000 работни

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад