ВМРО-ДПМНЕ повторно ги „извиси“ бранителите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно заборави на ветувањето дека е цврсто решена да го реши статусот на бранителите. На новата собраниска седница, која почнува денеска се наоѓа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени во Деловникот.

Власта предлага ограничување на дискусиите, но само за измени на Уставот, за буџетот и економијата и за закони кои значат усогласување со европското право. Тука ги нема комисиите каде се наоѓа Законот за бранители, кој во Собрание по инцидентот во Слупчане влезе како предлог на партијата на Груевски.

Кога ја објаснуваше идејата Александар Николовски минатата среда, не кажа дека комисиите се определени, и дека не важи за сите.

Дури од ВМРО-ДПМНЕ во разговори брифираа дека ова е начин за да ја вратат опозицијата во Собранието, но и да се одблокира Законот за бранители, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а закочен со 15.000 амандмани од коалициската ДУИ.

Дали ова ќе значи премолчен договор на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на елегантен начин повторно „жедни преку вода“ да ги минат бранителите, ќе се види. Иако ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту се откажале од бранителите, ниту се договориле со ДУИ.

Но, на сите им е јасно, ако ВМРО-ДПМНЕ не ги „извисила“ бранителите, како што вели, дека Законот за бранители ќе може да биде донесен, со темпото на разгледување по 10-тина години, бидејќи ДУИ јасно кажа дека ќе направи се за да не се изгласа ваков, според нив штетен и антиалбански закон.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он