ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за продолжување на мандатот на Анкетната за Онкологија

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе Предлог Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, со која бараме продолжување на рокот за дополнителни 30 дена за сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции информираше пратеничката и претседателка на собраниската Анкетна комисија за Онкологија Рашела Мизрахи.

– Досега се сослушаа повеќе од 50 лица, поранешни и сегашни министри и заменици, директори, раководители на сектори, вработени во надлежните институци и тоа Министерство за здравство, ФЗО, МАЛМЕД, ДСЗИ, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Во процесот на сослушувањето на овие лица се појавија нови и важни факти и околности за Анкетната комисија кои што можат да придонесат до конечното утврдување на прекршување на уставните и законските одредби како основ за утврдување на политичка одговорност. Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија и информациите кои беа дадени од досега сослушаните лица, ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата во делот на повикување на носители на јавни функции, раководни лица во иниституциите и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и периодот од Април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО, вели Мизрахи.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина