„ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и ќе остане одговорна партија кога се работи за државните, националните или локалните интереси.
СДСМ во недостиг на самодоверба и преголемиот страв од пораз на наредните изборите гледаат колку што можат изборите да ги пролонгираат.
Продолжувањето на мандатите на Градоначалниците и Советите треба да се донесе во понеделник, но треба и да се донесе најбрз можен датум за одржување на локалните избори.
Одржувањето на локалните избори веднаш, нема никаква врска со формирањето на Влада.
Прва причина за пролонгирањето на одржувањето на локалните избори не е притисок врз Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов, туку само евтин обид да се купи време за локалните избори да не се одржат во најбрз можен рок, 2-ри јули, од стравот дека ќе бидат катастрофално поразени.
Втора причина за обидот на СДСМ да го одолговлече закажувањето на локалните избори е притисокот кој сакаат да го направат врз ДУИ за нивно пазарење околу коалицискиот договор, бидејќи ДУИ има 14 градоначалници, а СДСМ само 3.
Овие пазарења и одолговлекувања од страна на СДСМ се на штета на граѓаните кои сакаат локалната власт да биде избрана и да функционира нормално што е можно побрзо.
ВМРО-ДПМНЕ е за што поскори, брзи и ефикасни локални избори, за да може локалната самоуправа како уставно право на граѓаните да не трпи голема штета и да не се загрозат интересите на граѓаните“ велат во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.