ВМРО-ДПМНЕ обвини дека институциите одмораат додека се шири хеморагична треска: Ширите паника им одговори Министерството

Од:

Почина лице од конго кримска хемогарична треска и вообичаена реакција од надлежните се е под контрола. Се зарази вработена на Инфективната клиника. И повторно се е под контрола. Или 40 лица се под здравствен надзор кои имале контакт со заразената. И се така во круг. Ништо не сопира, ништо не кнтролираат велат во писмено соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите на партијата сите кои биле во контакт со вработената на Инфективна клиника одат на работа.

– Комисијата за интрахоспитални инфекции на Клиниката е на одмор, на Клиниката нема директор, никој не знае каде е. Државниот санитарен и здравствен инспекторат едвај покажува знаци на живот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за здравство реагираше на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое партијата како што велат од МЗ, шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници.

– Министерството за здрвство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор. Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки како би се спречило ширење на заразата како и дека се шири треската. Нашите здравствени работници го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите. ВМРО-ДПМНЕ да престане со празни, неосновани соопштенија да се обидуваат да шират страв меѓу граѓаните. Тоа е неодговорно и ниско ниво на политичка манипулација на чувствителни теми, се наведува во реакцијата од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина