ВМРО-ДПМНЕ: Новите истраги на СЈО дефокусирање од одлуката за повлекување од „Пуч“

Од:

ВМРО- ДПМНЕ смета дека денеска отворените истраги на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното и политичко постапување на СЈО.

Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека отворањето на истрагите е уште едно дефокусирање на специјалната обвинителка Катица Јанева, од, како што истакна, срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“.

– Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички инструмент на Зоран Заев, рече Ристовски.

Јанева, посочи Ристовски, наместо да одговори на прашањата за одлуката за повлекување од „Пуч“ само потврдила дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.

Ристовски потенцираше дека единствената причина поради која што Јанева ја донела одлуката за повлекување од предметот „Пуч“ е да ги заштити обвинетите за криминал, но и нарачателите.

– Единствената причина заради која што Катица Јанева се повлекува од предметот „Пуч“ е за да го покрие чадорот и неговите истурени играчи на терен, верувајќи во неговата бескрајна моќ да ја заштити и неа и нив во иднина.
 Зоран Заев повторно беше фатен во криминал, а Катица Јанева наместо да го гони се стави во негова заштита, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник