ВМРО-ДПМНЕ: Насилно туркање на договорот ја носи државата во ќорсокак

Од:

Покрај сите притисоци, закани и уцени од страна на власта, граѓаните кажаа „не“ на штетниот договор за промена на името, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ, кои додаваат дека директен виновник за неуспехот на овој референдум е како што велат, криминалната власт.

„Граѓаните кажаа гласно „не“ за договорот со Грција. 2/3 од македонските граѓани упатија јасна порака дека за нив овој договор е неприфатлив. Залудни се правдањата, апсурдните толкувања и манипулациите на Заев. Граѓаните јасно упатија порака, дека Заев нема легитимитет да го турка овој договор. Граѓаните го отфрлија овој договор. Зоран Заев наместо да манипулира треба да се соочи со реалноста и да го отфрли овој договор, кој е на штета на Република Македонија. Насилното туркање на овој капитулантски договор ја носи државата во ќорсокак. Зоран Заев ја изманипулира и меѓународната заедница и нејзините претставници, кои ги лажеше со голема поддршка“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

„Директен виновник за неуспехот на овој референдум е криминалната власт на чело со Заев. Граѓаните со СДСМ на власт имаат пад на безбедноста, владеење на правото не постои, а доживуваат крах и образованието, здравството и земјоделието. Со оваа власт државата само тоне. Договорот со Грција е отфрлен од страна на граѓаните, тоа е одлука која дури и Заев мора да ја почитува“, додаваат од опозициската партија

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт