ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за култура да имаше две чисти ќе знаеше дека најзначајните дела во македонската култура се со историски наратив

Од:

Скандалозната изјава на министерката за култура со која најавува цензура на културното творештво не е ништо друго освен спроведување на Протоколот на дело. Министерката позната на пошироката јавност како Скафандер меѓу редови им порача на уметниците да не творат на историски теми бидејќи тоа е враќање кон мрачни времиња и дека историјата била затвор која не ни давала напредок велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Да имаше две чисти од културата оваа министерка ќе знаеше дека најзначајните дела во македонската култура се направени токму на историскиот наратив. Затоа министерката за култура треба да си ги спакува куферите и да си замине од таа позиција, бидејќи и од скафандер министерка да е, премногу е. Тоталитаризмот и цензурата која се обидува Костадиновска Стојчевска да ја направи е резултатот на капитулантската политика на владата на Ковачевски. Сега Костадиновска Стојчевска секое дело во уметноста и културата кое нема да им биде по ќеф на Бугарија ќе треба да го игнорира и да не му дава државна помош. Ова е понижувачки и срамно, а изјавата на скафандер министерката е жива бедотија. Бидејќи на Костадиновска Стојчевска не и се допаѓа македонската култура, се срами и ја навредува македонската уметност, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски